WordPress 3.6 „Oscar“

Posted on by . Filed under Објави.

Конечно на свет дојде најновата и најдобрате верзија на WordPress, 3.6. Новиот WordPress доаѓа со прекрасна разнобојна тема, подобрено автоматско зачувување на содржината и нејзино заклучување додека некој корисник ја уредува, подобрена ревизија на содржината на написите, нативна поддршка за аудио и видео вметнување.

Оваа објава го носи името Оскар во чест на џез пијанистот Оскар Петерсон. WordPress 3.6 можете да го преземете од овде или автоматски да извршите надградба преку вашата работна табла.

WordPress 3.5 „Elvin“

Posted on by . Filed under Објави.

Ова е најдоброто време во годината: новиот WordPress е достапен за преземање и еден куп новости за блогерите и развивачите. WordPress 3.5 е со кодно име „Elvin“, во чест на бубњарот Елвин Џонес.

Доколку редовно нè следевте на друштвените мрежи Facebook и Twitter, сигурно веќе ги знаете кои се новостите што ни доаѓаат со оваа верзија, но за тие што не се запознаени еве еден краток преглед:

  • Twenty Twelve – нова стандардна тема
  • Нема повеќе „Врски“. Сите нови веб-сајтови ќе биде потребно да го инсталираат Link Manager додатокот
  • Омилени додатоци
  • Подобрена мултимедијална библиотека
  • Нов екран за добредојде на работната табла

Детални објаснувања за сите овие работи можете да прочитате овде, а сите новости за развивачите се достапни на https://codex.wordpress.org/Version_3.5#Under_The_Hood.

Благодарност до Goce Mitevski, chombium, Mihailovskii и sofijas.

WordPress 3.5 RC 3

Posted on by . Filed under Кандидат за објава.

Третиот кандидат за објава на WordPress 3.5 е достапен. Направени се неколку промени после објавувањето на RC2 и едвај чекаме да ви ја дадеме официјалната верзија. Се надеваме дека сте спремни за некои крајни тестирања!

  • Крајни UI подобрувања на новиот менаџер за мултимедија. Благодарност до сите забелешки и препораки за истиот.
  • Повеќе информации за грешките кои настануваат при прикачување на датотеките.
  • Кога вметнувате слика во вашиот напис, не го заборавајте алтернативниот текст.
  • Поправање на стилот на некои копчиња за администраторот.
  • Подобрувања за мобилните уреди, Internet Explorer и јазиците кои идат од десно-кон-лево.
  • Поправање на колачињата за поддомените кога мулти-сајт е инсталиран во под-директориум.
  • Поправка на ms-files.php, презапишување за многу старите инсталации на мулти-сајт.

WordPress 3.5

Во овој момент преостануваат уште неколку задачи. Доколку сè оди како што треба, WordPress 3.5 ќе биде објавен многу наскоро.

За да го тестирате, инсталирајте го WordPress Beta Tester додатокот (изберете „bleeding edge nightlies“) или преземете го од овде(.zip).

WordPress 3.5 RC 2

Posted on by . Filed under Кандидат за објава.

Вториот кандидат за WordPress 3.5 е достапен за преземање и тестирање.

Сè уште работиме на неколку задачи, но се надеваме дека ќе можете слободно и безбедно да го користите WordPress 3.5 во следната недела. Доколку сакате да знаете што да тестирате, посетете ја „За WordPress“ страницата до која можете да пристапите преку лентата со алатки.

Бидејќи ова е развојна верзија, не ви препорачуваме да ја користите на вашиот главен веб-сајт. А до развивачите – продолжете да ги тестирате вашите додатоци и теми, така што истите ќе бидат компатабилни со финалната верзија.

За да го тестирате WordPress 3.5, ипробајте го WordPress Beta Tester додатокот (изберете „bleeding edge nightlies“) или преземете го од овде (.zip).

WordPress.com го започна проектот „Cities“

Posted on by . Filed under WordPress.com.

Денес, голем од градовите имат по неколку информативни портали. Самите општини, туристички агенции, исто така, имаат свои веб-сајтови, а ние сè уште живееме во информациски мрак и изолација.

WordPress.com – бесплатна блог и CMS платформа, го започна својот нов проект наречен „Cities“. Накратко, WordPress Cities им овозможува бесплатно на градовите и општините да ги понудат основните информации за нивниот град, нудејќи предефинирани информации како што се содржини за паркови, правилници и закони, интересни локации и знаменитости, и слично.

Задачата на администраторите на таквите страници е само да ја пополни со бараните информации и во корист на граѓаните и туристите – редовно да ја ажурира. Овој сервис, исто така, има вградено и можност за брзо споделување на информациите низ друштвените мрежи како Facebook, Twitter, Tumblr, LinkedIn и други.

Повеќе информации можете да пронајдете на WordPress.com/Cities.

WordPress 3.5 Beta 2

Posted on by . Filed under Објави.

Две недели после објавувањето на првата бета, WordPress 3.5 Beta 2 е достапна за презимање и тестирање.

Овој софтвер се’ уште е во фаза на развој, па не ви препорачуваме да ја користите на вашиот главен сајт. Доколку сакате да ја тестирате најновата верзија, инсталирајте ја на некој простор на кој ќе можете да си „играте“ со истата. За да ја тестирате, можете да го искористите WordPress Beta Tester додатокот или да ја преземете од овде (.zip).

WordPress 2.2 за Android

Posted on by . Filed under Android.

Од пред неколку денови на Google Play е достапна новата верзија (2.2) на WordPress за Android.

Стандардно, како и за секоја нова објава се поставува прашањето: што е ново? Па, во 2.2 има три поголеми надоградби, и тоа: поставување на главна слика на вашите написи, WordPress.com статистика за вашиот сајт и подобрување на функционирањето на самата апликација.

  • Поддршка за главни слики; Веќе многу теми ја нудат оваа опција, односно поставување на главна слика за написите. Исто така, многумина ја користаат и оваа опција за прикажување на сликички за написите. Па така од сега оваа фунцкија е достапна и на Android.
  • Одсега ќе можете и од вашиот Android да ја следите статистиката на вашиот WordPress сајт.
  • За подобрувањето на апликацијата, најдобро е самите да почнете да си играте со неа и да ги забележете подобрувањата.
  • 🙂

WordPress слави 9 години и го објави 3.4 RC

Posted on by . Filed under Кандидат за објава, Новости.

Најпопуларната платформа за изработка на сајтови, WordPress, вчера прослави 9 години постоење. Првата верзија официјално е претставена на 27 Мај, 2003 година (Написот за првата верзија на WordPress).

WordPress го користат 12% од топ страниците во светот, како и многу македонски портали и блогови. Дел од македонските сајтови можете да ги видите на почетната страница, а доколку сакате да додадете некој сајт што сме го испуштиле – контактирајте нѐ.

WordPress 3.4 RC

Ќе бидам краток околу најавата за првиот „release candidate“ за верзијата 3.4 и ќе оставам самите да прочитате што таа ни нуди ( – About WordPress, во админ лентата), и само ќе напоменам дека се направени повеќе од 500 поправки.

Преземи го WordPress 3.4 RC

WordPress 3.3.2 и WordPress 3.4 Beta 3

Posted on by . Filed under Безбедност, Новости, Објави.

WordPress 3.3.2 е достапен и содржи безбедносни закрпи на сите претходни верзии.

Три екстерни библиотеки во WordPress добија безбедносна надградба:

  • Plupload (верзија 1.5.4), кој WordPress го користи за прикачување на мултимедија.
  • SWFUpload, кој WordPress претходно го користеше за прикачување на мултимедија, и сѐ уште може да се користи од некои додатоци.
  • SWFObject, кој WordPress претходно го користеше за вметнување на Flash содржина, и сѐ уште може да се користи од некои додатоци и теми.

Благодарност до Nean Poole и Nathan Partlan за пријавувањето/поправањето на грешките во Plupload и SWFUpload, и Szymon Gruszecki за уште еден баг во SWFUpload.

WordPress 3.3.2 исто така содржи:

  • Ескалација на ограничените привилегии кога администраторот на сајтот би можел да ги деактивира додатоците во мрежата кога WordPress мрежата работи под одредени услови, поправено од Jon Cave (дел од WordPress Core Security Team) и Adam Backstrom.
  • XSS ранливост кога се праваат URL-та да може да се кликаат, од Jon Cave.
  • XSS ранливост во пренасочувањето после коментирање во некои од старите прелистувачи, и филтрирање на URL-а. Благодарност до Mauro Gentile за пријавувањето до безбедносниот тим.

Овие багови се средени од безбедносниот тим на WordPress, а целосниот лог на промени можете да го видите овде.

Преземи го WordPress 3.3.2 или надградете директно од Работна табла → Надградби.


Излезе и WordPress 3.4 Beta 3

Нашиот развој на WordPress 3.4 продолжува. Денес, чест ни е да ја објавиме третата бета верзија за тестирање. Скоро 90 промени има претрпено од објавувањето ба Бета 2 која беше објавена пред 9 дена.

Ова е бета софтвер, па не ви препорачуваме да го користите на Вашиот сајт во етер. Но, доколку развивате додатоци, теми, или сте администратор на некој сајт, пожелно е да направите тест на софтверот и пријавите грешка (доколку најдете).

Верзијата 3.4 ги содржи сите поправки од 3.3.2. Преземи го WordPress 3.4 Beta 3 или користи го нашиот WordPress Beta Tester додаток.

WordPress 3.3.1 – Безбедносни поправки

Posted on by . Filed under Објави.

Излезе WordPress 3.3.1. Во оваа верзија се решени 15 грешки кои се наоѓаа на WordPress 3.3, како и XSS (cross-site scripting) ранливоста која ја имаше WordPress 3.3. Благодарност до Joshua H., Hoang T., Stefan Zimmerman, Chris K. и безбедносниот тим на Go Daddy за откривањето и информирањето за овие пропусти.

Преземи го WordPress 3.3.1 или надгради директно преку работната табла.