За WordPress

WordPress е создаден во 2003 година со минимална количина на код што би ја подобрил типографијата на секојдневното пишување и со многу мал број на корисници. Од тогаш, WordPress израсна во најголем и најдобар систем за лично објавување, кој е користен на милион сајтови кои ги посетуваат дестици милиони месечно.

Се што гледате овде, од документацијата до самиот код е создадено од корисниците за корисниците. WordPress е Open Source проект, што значи дека на проектот работи голем број на луѓе ширум светот. Тоа исто значи дека имате целосна слобода и можете да го користите каде сакате, од сајт за мачки па се до CNN и други големи светски мрежи.

За WordPress на Македонски

Локализацијата на WordPress на Македонски се одвива од почетокот на објавувањето на WordPress, т.е од 2004 година од објавата на 1.0. Првиот чекор на локализирањето беше преведување на .pot датотеката во mk_MK.po и mk_MK.mo, и нивна дистрибуција до заинтересираните корисници. Иако WordPress го имаме на Македонски уште од самиот почеток, официјалната страница WordPress на Македонски или mk.wordpress.org е објавена дури во 2011 година.

WordPress е локализиран на Македонски од:

  • Владимир Стефанов – 2004, 2005
  • Зоран Димовски – 2005
  • Јован Костовски – 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2012
  • Арангел Ангов – 2010, 2011, 2012
  • Гоце Митевски – 2010, 2011, 2012, 2013
  • Борис Кузманов – 2010, 2011, 2012, 2013
  • Владимир Туфекчиев – 2013, 2014, 2015, 2016
  • Ева Пиперевска – 2014
  • Александар Панов – 2014, 2015, 2016

За што можете да го користите WordPress
WordPress е развиен како блог систем, но еволуираше во тоа да може да се користи како полнокрвен Content Management System (систем за управување со содржина), па и нешто повеќе од тоа благодарение на илијадниците бесплатни додатоци и изгледи. Единствен лимит е Вашата имагинација.