WordPress.org

Македонски

The Macedonian translation of WordPress is inactive

Download the English version instead.

If you’re interested in translating WordPress to Macedonian, join the Polyglots team and find out how.

Добредојдовте!

WordPress е врвна платформа за лично објавување со фокус на естетика, веб стандарди и лесно користење. WordPress е истовремено бесплатен и бесценет. Едноставно кажано, WordPress го користете кога сакате да создадете ваша веб страница без да се борите со софтверот за негова изработка.

На оваа страница можете да пронајдете објави за WordPress кои се преведени на македонски јазик. Овде можете да пронајдете и новости поврзани со WordPress на македонски кои можете да ги прочитате на блогот.

Освен на оваа страница, повеќе информации за заедницата во Македонија можете да пронајдете на Facebook групата WordPress Macedonia.

Ви претставуваме

Инсталирање

  1. Преземете и распакувајте го WordPress инсталациониот пакет.
  2. Направете база на податоци за WordPress на вашиот веб сервер, како и MySQL корисник кој ќе има пристап и дозвола за уредување на таа база на податоци.
  3. Преименувајте ја датотеката wp-config-simple.php во wp-config.php
  4. Отворете ја датотеката wp-config.php со некој уредувач на текст (пр: Notepad) и внесете ги деталите за базата на податоци (име на базата на податоци, корисничко име, лозинка и име на хост).
  5. Прикачете ги WordPress датотеките на посакуваната локација на вашиот веб сервер.
    • Ако сакате да го инсталирате WordPress во root директориумот на вашиот домен (пр: http://primer.com/), копирајте ја содржинната во root директориумот на вашиот сервер.
    • Доколку сакате да инсталирате WordPress во посебен директориум (пр: http://primer.com/blog/), преименувајте го директориумот „wordpress“ во „blog“ и копирајте го на вашиот веб сервер.
  6. Покренете ја WordPress инсталацијата во вашиот веб прелистувач со пристапување до wp-admin/install.php

Тоа е тоа! WordPress сега би требало да биде успешно инсталиран.