WordPress слави 9 години и го објави 3.4 RC

Најпопуларната платформа за изработка на сајтови, WordPress, вчера прослави 9 години постоење. Првата верзија официјално е претставена на 27 Мај, 2003 година (Написот за првата верзија на WordPress).

WordPress го користат 12% од топ страниците во светот, како и многу македонски портали и блогови. Дел од македонските сајтови можете да ги видите на почетната страница, а доколку сакате да додадете некој сајт што сме го испуштиле – контактирајте нѐ.

WordPress 3.4 RC

Ќе бидам краток околу најавата за првиот „release candidate“ за верзијата 3.4 и ќе оставам самите да прочитате што таа ни нуди ( – About WordPress, во админ лентата), и само ќе напоменам дека се направени повеќе од 500 поправки.

Преземи го WordPress 3.4 RC

Излезе WordPress 3.2.1!

После повеќе од милион преземања, го објавуваме WordPress 3.2.1. Оваа објава содржи поправки за сервер некомпатабилноста со JSON, како и други закрпи во новиот дизајн на работната табла и новата Twenty Eleven тема. Доколку веќе имате надградено на WordPress 3.2, оваа надградба ќе биде побрзо исвршена со новата можност која ја воведовме од 3.2 – да се ажурираат само датотеките кои се изменети.

За целата листа на објави проверете ја листата на промени.

Преземете го WordPress 3.2.1 или надградете директно од работната табла.

Излезе WordPress 3.2!

Како што беше најавувано пред некој ден, така и испадна. WordPress 3.2 е официјално објавен на 4 Јули, денот на независноста на САД. WordPress 3.2 е петнаесетата главна верзија на WordPress и доаѓа само 4 месеци после објавувањето на 3.1 (која денес надмина бројка од 15 милиони преземања).

Фокусот на оваа објава беше WordPress да се направи побрз и полесен. Првата работа која ќе ја приметите во WordPress 3.2 е новиот дизајн на работната табла. Доколку започнувате нов блог ќе ја забележите новата HTML5 стандардна тема – Twenty Eleven. Започнете да пишувате нов блог напис во новиот уредувач и/или уредувачот на цел екран со зен мод.

Преземете го WordPress 3.2 или надградете директно од Вашата работна табла.

WordPress 3.2 Release Candidate 2

Howdy! Вториот „Release Candidate“ за WordPress 3.2 е достапен за преземање. Доколку сѐ уште го немате тестирано WordPress 3.2, ова е вистинско време, но немојте да го инсталирате главниот сајт.

Закрпени се неколку дупки кои беа забележани во RC 1, вклучувајќи ги неколкуте досредувања во Twenty Eleven, нова опција за враќање на стандардното заглавие и заглавие по случаен избор, и различни RTL поправки.

Развивачите на додатоци и теми пожелно е сега да си ги тестираат своите теми, така што ако има некои проблеми со компатабилноста би се решиле пред објавувањето на официјалната верзија. Исто така, и корисниците се замолуваат да го тестираат WordPress и пријават сите пронајдени грешки. Доколку пронајдете некоја грешка еве начини како да нѐ известите:

Преземете го WordPress 3.2 RC2.

Добредојдовте на WordPress на Македонски!

Добредојдовте на официјалната WordPress страница на Македонски. Од овде ќе можете официјално да ја преземете македонската верзија на WordPress и редовно ќе можете да вршите надградба на локализираната верзија. Поздрав.