Излезе WordPress 3.3!

Најновата и најдобра верзија на WordPress — 3.3, со име „Sonny“ е во чест на добриот џез саксафонист Сони Стит — и е достапна да се преземе од овде или преку Вашата работна табла.

WordPress има повеќе од 60 милиони преземања откако беше објавена верзијата 3.0, и во оваа трета главна објава од тогаш, направивме големи промени за побрзо запознавање на новите корисници, навигацијата, прикачувањето и импортирањето на содржина.

За корисниците
На напредните корисници сигурно ќе им се допадне новиот повлечи-и-остави прикачувач, новите менија за навигација, новата лента со алатки, унапредената поддршка за ко-уредување и новиот Tumblr увезувач. Исто така, мислевме и на најновите корисници кои за првпат се среќаат со WordPress, па ги додадовме т.н. покажувачи кои ќе ги упатат во користењето на овој софтвер. Покрај тоа, овие покажувачи ќе се користат и кога ќе имаме некоја нова функција која за првпат се употребува после извршена надградба.
За крај, подобрена е работата на WordPress на iPad и останатите таблети.

За развивачите
Има многу што да видат развивачите. Ви препорачувам да започнете од нашето ново API за уредувачот, нова jQuery верзија, подобро листање на јазичињата за помош, нова структура за постојани врски, а целата листа можете да ја прочитате на кодексот или на тракерот.