• Правила и совети за соодветно користење на форумот:

    1. Вашиот WordPress блог/сајт мора да биде хостиран на сопствен сервер.
      Блоговите хостирани на WordPress.com имаат посебен форум за поддршка на адресата: http://en.forums.wordpress.com/.
    2. Ве молам прочитајте го FAQ (Frequently Asked Questions) пред да поставите прашање. Препорачливо е да ја пребарате FAQ страницата бидејќи таа ги содржи сите најчесто поставувани прашања и нивните одговори.
    3. Ве молам пребарајте го форумот пред да поставите прашање. Доколку решението на Вашиот проблем не го пронајдете на FAQ страницата, пребарајте ги старите теми на форумот.
    4. Бидете учтиви. Пристојно однесување е клучно за квалитетно функционирање на форумот. Доколку сте учтиви со Вашето прашање и личноста што ќе одговори на Вашето прашање ќе биде учтива. Тоа вклучува и заблагодарување при решавање на проблемите. Немојте да сфаќате лично доколку добиете „ладен“ и дрзок одговор. На таков одговор Вие возвратете како што треба.
    5. Бидете прецизни во Вашите прашања. Многу луѓе кои бараат помош не секогаш се прецизни во своите барања. Тоа го продолжува и отежнува решавањето на проблемот. Колку сте попрецизни и подобро го опишувате Вашиот проблем, поголеми се шансите за брзо време тој да биде решен. Исто така, наведете и линк до сајтот/блогот на кој се јавува проблемот.
  • The topic ‘Прочитајте пред да пишувате на форумот’ is closed to new replies.