WordPress 3.1.2

Објавен е WordPress 3.1.2 кој има безбедносни закрпи за сите претходни WordPress верзии.

Во оваа поправена е ранливоста која им овозможува на Соработниците да објавуваат написи.

Овој проблем беше откриен од членови на безбедносниот тим на WordPress, WordPress девелоперот Andrew Nacin и Benjamin Balter.

Ви препорачуваме да надградите на верзија 3.1.2, особено ако на Вашиот сајт се дозволени регистрациите како соработници или имате членови кои баш и не ви се од доверба. Исто така, во оваа објава се поправени и неколку други грешки кои беа испуштени во 3.1.1.

Преземете ја 3.1.2 или надградете автоматски од Вашата работна табла.

Излезе WordPress 3.1.1!

Достапен е WordPress 3.1.1! Во овој пакет се уредени и поправени околу триесетина безбедносни дупки од 3.1, вклучувајќи:

  • Безбедносни фиксови за мултимедијални прикачувања.
  • Подобрување на перформансите.
  • IIS6 поддршка.
  • Поправка на таксономијата и PATHINFO (/index.php/) постојаните врски.
  • Поправки на различни прашалници и таксономии.