WordPress 3.1.4 и 3.2 RC 3

WordPress 3.1.4 е достапен за преземање и содржи безбедносни закрпи за претходните верзии.

Оваа објава ги поправа сите грешки кои им овозможуваа на корисниците со улога на уредувач да имаат подлабок пристап во WordPress опциите. Исто така, верзијата 3.1.4 содржи уште неколку безбедносни закрпи, а целата белешка на промени можете да ја видите овде.

Преземете го WordPress 3.1.4 или надградете директно од работната табла.

WordPress 3.2 кандидат за објава 3
Ова е последниот кандидат пред официјалната 3.2 верзија. Овој трет кандидат ги содржи сите поправки и од верзијата 3.1.4, плус неколку RTL, JavaScript и UI закрпи. И за потсетување да напомениме дека минималните побарувања за верзијата 3.2 ќе бидат PHP 5.2.4 и MySQL 5.0.

Преземете го WordPress 3.2 RC3

WordPress 3.2 Release Candidate 2

Howdy! Вториот „Release Candidate“ за WordPress 3.2 е достапен за преземање. Доколку сѐ уште го немате тестирано WordPress 3.2, ова е вистинско време, но немојте да го инсталирате главниот сајт.

Закрпени се неколку дупки кои беа забележани во RC 1, вклучувајќи ги неколкуте досредувања во Twenty Eleven, нова опција за враќање на стандардното заглавие и заглавие по случаен избор, и различни RTL поправки.

Развивачите на додатоци и теми пожелно е сега да си ги тестираат своите теми, така што ако има некои проблеми со компатабилноста би се решиле пред објавувањето на официјалната верзија. Исто така, и корисниците се замолуваат да го тестираат WordPress и пријават сите пронајдени грешки. Доколку пронајдете некоја грешка еве начини како да нѐ известите:

Преземете го WordPress 3.2 RC2.